Живот и Стил

Длабински ја хидрира и негува кожата, а се прави од само 3 состојки: Домашна маска за лице која мора да ја испробате

Длабински ја хидрира и негува кожата, а се прави од само 3 состојки: Домашна маска за лице која мора да ја испробате

Кинезинките и Јапонките можат да се пофалат со совршен тен и лице без ниту една брчка. Тие редовно ја негуваат својата кожа со оваа маска, во која главна состојка е оризот.

Оризот е богат со витамини од групата Б кои го стимулираат обновувањето и растот на клетките, го подобруваат и забрзуваат протокот на крв во кожата на лицето и го забавуваат стареењето на клетките.

Тие го враќаат сјајот на кожата и ја прават нежна и исклучително мека.

Потребни состојки:
– 3 лажици ориз

– 1 лажица млеко

– 1 лажица мед

Подготовка:
Потопете 3 лажици ориз во ладна вода и ставете го во сад на оган да зоврие. Додека оризот се вари, во друг сад измешајте една лажица млеко и една лажица мед.

Кога ќе процените дека оризот е сварен, тргнете го од огнот и процедете го, а потоа испасирајте.

Испасирајте го оризот со лажица бидејќи така е полесен за нанесување на лицето. Во него додајте ги останатите состојки и убаво измешајте.

На чиста кожа, со прсти нанесете ја маската. Оставете да делува околу половина час, а потоа отстранете ја со пешкир натопен со млака вода.

извор:точка.ком.мк