Прилепскиот диџеј и продуцент Хари Ристески, кој твори под името ДЈ Харис деновиве го претстави својот нов ремикс на веселата нумера „Дојди“, во изведба на Викторија Лоба и продукција на Роберт Билбилов, кој беше прогласен и за радиски поп-хит на годинашното роденденско издание на Македонскиот радиски фестивал – МАРС 2017.
Харис, со својата преработка во мумбахатон/денсхол жанр, ѝ дава посебен шмек на песната со што се истакнува неговиот стил на продукција. Како звучи овој ремикс можете да слушнете во продолжение, а во самиот опис на видеото на Јутјуб поставен е линк за бесплатно преземање.