Вистаграм

Дизајнерите за ентериер со клучни совети за совршен дом

Дизајнерите за ентериер со клучни совети за совршен дом

Големината на домот не е клучна за тој да изгледа убаво како домовите што ги гледате на фотографиите на Инстаграм. Клучот за добар изглед лежи во деталите во коишто не треба да инвестирате многу. Врвните дизајнери откриваат што е навистина потребно за добар дизајн, па во продолжение прочитајте ги нивните совети.

1. Бојадисајте ги ѕидовите во ходникот

 

View this post on Instagram

 

A post shared by House Number 12 (@house.no12) on

Одлучете се за некоја повпечатлива боја, а зелената и виолетовата се идеална основа за истакнување на останатите детали како што се фотографиите или другите украси. За ова ви е потребно само едно попладне, а промената е голема.

2. Графички принт за мали простории

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara (@sararuffincostello) on

Квадратните црно-бели плочки се класика што никогаш нема да престане да изгледа моќно, а цветните тапети ќе го освежат секој мал агол во домот. На овој начин ќе го направите малиот простор многу поинтересен, поубав и толку необичен што речиси ќе биде невозможно да забележите дека се наоѓате во многу мала просторија.

3. Полици низ целиот ѕид

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Inspire Living (@inspireliving_) on

Полиците од подот до таванот се дефинитивно полн погодок. Освен што ќе изгледаат модерно, полиците ќе ви служат како место каде што ќе можете да ставите многу работи што ви зафаќаат простор.

извор:кафепауза.мк

To top