Мегафон концерти

„Дивље јагоде“ ќе одржат концерт во Битола

„Дивље јагоде“ ќе одржат концерт во Битола

На 21-ви јули на Ракометно Игралиште во Битола, ексклузивен концерт ќе одржат легендарниот хард рок состав „Дивље јагоде“.

Ретко кој бенд, без оглед на стилската и територијалната ориентација, успешно поминал исто толку тестови колку што помина групата „Дивље јагоде“. Фактот дека постои бенд на Западен Балкан кој продал милиони плочи, со музика што стилски имплицира hard и heavy звучи скоро невозможно. „Јагоде“, чија кариера датира од 1978 година, остави траен белег во дискографијата, но и во урбаната култура, благодарение на песните со кои се идентификуваат, и новите и идните млади генерации, и низ генерациите пред нив. Понекогаш се чини дека ниту една забава, ниту една започната или завршена љубов не е можна без песни како „Jedina Moja“, „Krivo je more“, „Ne zelis kraj“, „Kako si toplа I mila“, „Zauvek tvoj“, „Marija“ итн. Со дванаесет студиски албуми, стотици песни, десетици класични хитови, илјадници концерти, милиони продадени плочи, денес тие ги преминуваат границите и времето, затоа што обожавателите ги следат со иста возбуда денес, како и во раните осумдесетти.  Зеле Липовача е столб на бендот, автор и музичар, но исто така и неизбежна константа „Дивље јагоде“, чии соло гитари не се слушаат, туку се пеат. Зеле е карактеристичен уметник, гитарист, композитор и продуцент, кој го приближи Западот кон Истокот со „Дивље јагоде“, и го донесе духот на источната мистика и балканскиот шарм на Запад, и со своите песни и гитара отвори многу врати.

Влезниците се во продажба од 7-ми јули преку mktickets.mk и karti.com.mk.

To top