Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“, откри колку често има секс со својата сопруга Сузана Јовановиќ.
Се започна кога кандидат од Македонија го згреши текстот на песната од Здравко Чолиќ – „Ти си ми у крви“, па наместо „Погледом ме милијуеш, ко да ме додирујеш“ отпеја „Погледом ме милијуеш ко да ме узбуџујеш“.
-Не можеше подобро да го погрешиш текстот, ти си крал – коментираше Марија Шерифовиќ
А во разговорот се вмешаа и директорот на Гранд и Карлеуша која успеа да извлече од Саша Поповиќ колку често има секс со сопругата.
„Можеби не секоја вечер, туку секоја втора вечер“ се пошегува Поповиќ.