Живот и Стил

Димот од цигарите е штетен за вашите домашни миленици: Вие пушите, а тие се гушат

Димот од цигарите е штетен за вашите домашни миленици: Вие пушите, а тие се гушат

Дали некогаш сте помислиле дека пушењето е штетно и за вашите миленици? Поради оваа лоша навика и тие се пасивни пушачи чие здравје трпи последици.

Низа научни истражувања потврдија дека димот од цигарите негативно влијае на крвта и органите кај мачките и го зголемува ризикот од појава на рак, срцеви болести и проблеми со белите дробови.

Американската агенција за храна и лекови објави детален прирачник за сопствениците на миленици заснован на последните истражувања.

„Исто како и децата, мачките и кучињата најголемиот дел од времето го поминуваат на подот каде се концетрира остатокот од димот, а потоа лесно стигнува на крзното. Тогаш милениците ги вдишуваат штетните материи или ги внесуваат во организмот кога го лижат своето крзно“ – се наведува во истражувањето.

Според ветеринарите, кога сопствениците дознаваат дека им го нарушуваат здравјето на своите миленици, најчесто одлучуваат да се откажат од цигарите. Со оваа одлука си помагаат себеси, но и на милениците.

За почеток, ветеринарите советуваат да престанете да пушите внатре во домот и да избегнувате да ги галите своите миленици без да ги измиете рацете откако ќе ја изгаснете цигарата.

извор:курир.мк

To top