Радио Милева
принова

Димитар Андоновски ќе стане татко по вторпат: Заедно со синчето Михаил го открија полот на бебето (видео)

Димитар Андоновски ќе стане татко по вторпат: Заедно со синчето Михаил го открија полот на бебето (видео)

Радосни вести во домот на пејачот Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина.

Имено, Димитар ќе стане татко по втор пат, а неговиот Михаил ќе стане поголемо братче.

Овие радосни вести пејачот ги обзнани на својот „Фесјбук“ каде што објави видео на кое заедно со својот помал син го открија полот на бебето.

Имено, Димитар и Михаил со мал чекан ја скршија срцевидната торта и открија дека Христина и Димитар ќе добијат син, а Михаил братче.

„Јас сакам сестричка“, изјави Андоновски во видеото, а потоа кога го открија полот истакна дека важно е да живо и здраво.

Инаку, Христина и Димитар во брачните води запловија во 2015 година, а во 2017 го добија првиот син.

Честитки.

Останати вести од Радио Милева