Радио Милева
принова во 2022

Димитар Андоновски ќе стане татко по вторпат, а еве како изгледа неговата сопруга во поодмината бременост (фото)

Димитар Андоновски ќе стане татко по вторпат, а еве како изгледа неговата сопруга во поодмината бременост (фото)

Пејачот  Димитар Андоновски наскоро повторно ќе се реализира во улогата на татко.

Имено, Димитар и неговата сопруга Христина oчекуваат принова во семејството односно наскоро повторно ќе добијат синче, а нивниот поголем син ќе добие братче.

Радосните вести пред неколку месеци ги сподели Димитар на социјалните мрежи.

Пејачот не е толку активен кога станува збор за неговиот приватен живот, па ретко споделува моменти од зад камерите.

Меѓутоа, овој пат неговата сопруга Христина, сподели фотографија на која позира покрај елка со нараснато трудничко стомаче и Михаил покрај неа.

-Ајде помало братче, едвај чекаме да те сретнеме, напиша таа покрај објавата.

Еве како изгледа сопругата на Димитар Андоновски во поодимената бременост.

фото: Инстаграм/димитар андоновски

 

 

Останати вести од Радио Милева