Радио Милева
продолжение...

Џими си го кажа своето за разводот со Анета, а сега и таа доби потреба да се изјасни јавно: „Се’ што се случува е со некоја причина“

Џими си го кажа своето за разводот со Анета, а сега и таа доби потреба да се изјасни јавно: „Се’ што се случува е со некоја причина“

Откако по 22 години и брак и професионална соработка во нивната група „Молика“, музичарот Џими Мицевски и пејачката Анета Мицевска се разделија, секој приватно тргна на своја страна. И обајцата го потврдија разводот, како и тоа дека повеќе не живеат под ист покрив, но договорот да се исполнат до крај договорените обврски со групата (свадби, настапи, турнеји… ) до август следната година – останува да се испочитува.

Анета иако неодамна го потврди разводот откако првично Џими за Вистина.мк потенцираше дека се разведуваат, сега таа во интервју за Гламур.мк се доплни за она што се почувствува недокажана.

-Се случи тоа што се случи и свесни сме сите дека се’ што се случува е со некоја причина која што само еден Господ ја знае. Најголемата поддршка во овие моменти ми е фамилијата, најмногу мојот брат на кој сум му благодарна до небо. Иако не е тука, тој е многу важна личност во мојот живот без кој не можам да донесам ниту една одлука“, вели Анета за „Гламур“.

Таа открива дека не ја користи социјалната мрежа Фејсбук, бидејќи таму може да прочита нбегативни коментари со кои не би можела да се носи. Затоа пак, Инстаграм некако е посигурна зона за неа, па таму веќе е потпишана со моминското презиме Љуманковска и е доста активна.

Анеета открива и дека ќе продолжи да функционира како и претходно, ќе ги изработи договорените настрапи со „Молика“ се до следната година, бидејќи песната и сцената се нејзиниот живот.

Да потсетиме, пред да застанат на лудиот камен Анета и Џими беа во врска една година, а Џими има и син од првиот брак, а пак во заедница ја добија ќерката Мони.

фото:Инстаграм принтскрин/Анета Љуманковска

Останати вести од Радио Милева