Пејачката Џејла Рамовиќ го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста и ретко зборува за тоа.
Џејла неодамна излезе од долгогодишна емотивна врска, а сега откри дали и било тешко да го преболи раскинувањето.
-Тоа е завршена приказната, го преболев. Често го имам овој сомнеж за разни работи и секогаш кога треба на нешто да му дадам втора шанса, секогаш помислувам: „Тоа е како да му давам втора шанса на поранешниот“. Верувам дека луѓето можат да се променат, но втора шанса на љубовта досега не сум дала – искрена е поранешната победничка на „Ѕвездите на Гранд“.
Инаку, иако често патува и сама располага со сопствените финансиски средства, една ситуација ѝ го промени погледот на светот.
– Откако работам, не зависам од никого и не поставувам лимит ако нешто ќе ме прави среќна, се трудам да се задоволам себеси, особено кога бев сама во Барселона, но кога сватив дека кафето на аеродром чини 8 евра, ја подвлеков таа линија. Се шокирав и тогаш си реков: „Ова е навистина скапо“ – изјави Рамовиќ, која тврди дека нема проблем со неконтролирано трошење пари.
– Горда сум на себе затоа што знам да се справам со парите. Вложувам во се по малку, се трудам да ги задоволам сите полиња – тврди пејачката.
Фото: Принтскрин/Instagram/dzejlaramovic