Радио Милева изненадување

Џанлука Ваки и подари луксузен автотомобил, а цената вистинска ситница, цели 200 илјади долари (видео)

Џанлука Ваки и подари луксузен автотомобил, а цената вистинска ситница, цели 200 илјади долари (видео)

Италијанскиот милионер Џанлука Ваки ја изненадил својата сопруга Шерон за нејзиниот роденден, а сето тоа во договор со неговата тригодишна ќерка.

Шерон го прослави својот 28-ми роденден, а нејзиниот сопруг на Инстаграм сподели видео во кое покажува што и подготвил.

– Среќен роденден љубов моја, те сакам – напиша Ваки, а таа одговори:

– Ти благодарам, живот, за вчера, денес и утре. Ви благодариме за нашиот дом, здравје, семејство и љубов. Ти благодарам, љубов, за сè што правиш, особено што ме натера да се чувствувам толку сакано.

Како што можеше да се види на видеото, тој ја изненади својата избраничка со нов автомобил, црн Range Rover, кој чини околу 200 илјади долари.

Во продолжение покажа како ја зел тортата со ќерката за да ја изненади сопругата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)


Инаку, богатството на овој Италијанец се проценува на 300 милиони долари, иако многумина сметаат дека е многу поголемо.

Неговиот татко бил сопственик на мултинационалната компанија „Industria Maccine Automatiche“, а самиот Џанлука бил член на одборот.

фото:Инстаграм

To top