Радио Милева го сакаат по старо

Џан Јаман се исуши: Турскиот актер кој е миленик на жените приреди неочекувана глетка од неговото голо тело која на дамите не им се допадна (фото)

Џан Јаман се исуши: Турскиот актер кој е миленик на жените приреди неочекувана глетка од неговото голо тело која на дамите не им се допадна (фото)

Актерот кого го нарекуваат и најпосакуваниот турски ерген, Џан Јаман, откри дека ослабел 10 килограми за 30 дена.

Џан кој го гледавме и од турските серии кои се прикажуваат во Македонија денес изгледа поинаку, но со позадина на големата промена за која вели:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Can Yaman (@canyaman)

„Како ослабев 10 килограми за 30 дена? Откако го завршив снимањето на „Violet Like the Sea 2“ ги искористив неколкуте слободни денови и Божиќ, решив да се вратам во мојот роден град за да можам да поминам малку време со моите родители, семејството и другите луѓе кои ми се блиски. Треба малку да се одморам и да се исклучам, но никогаш не претерувам! Сакав да уживам и во турската кујна која многу ми недостигаше. Знаев дека кога ќе се вратам во Рим ќе ме чека напорна работа, радикална промена, да се подготвам за следниот лик: Сандокан! И така беше: штом се вратив, почнав да се активирам … Првата цел беше да ја достигнам идеалната тежина за ликот, а потоа да се фокусирам на менталните аспекти. Тоа беше многу тежок период, за еден месец ослабев речиси 10 килограми, од 94,5 килограми на 85 килограми“, напишал Џан под објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Can Yaman (@canyaman)

„Тоа беше, и е, особено интензивна фаза, се откажав од многу задоволства во животот. Морам да вежбам 2 или 3 пати на ден и да постам повремено, 16:8, со низок внес на калории. Сепак, нема причина за загриженост, и покрај исцрпеноста, јас сум совршено здрав, подмладен, детоксифициран и лесен, но пред сè многу задоволен. Сè се случува со континуирано следење од сериозни и компетентни професионалци. На крајот на краиштата, тоа е она што актерите го прават: се трансформираат посветено кога е потребно и одвреме-навреме се обликуваат во нова улога. Ќе продолжам додека не дојдеме до совршениот Сандокан. Сепак признавам дека денес решив да се одморам од правилата и да јадам што сакам … Ве молам продолжете да ме поддржувате како и секогаш. Ве гушкам. Се гледаме наскоро“, напишал актерот.

Оваа промена воопшто не им се допадна на неговите следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Can Yaman (@canyaman)

„Треба да ја вратиш тежината“, „Порано изгледаше подобро“, „Почни да јадеш“, „Изгледаш болно“, „Сега си помалку привлечен“, се само дел од коментарите.

Џан е познат и по романсата со познатата спортска новинарка Дилета Леота. Сепак, нивната љубов не траеше долго и парот пријателски се раздели

фото:Instagram printscreen/ canyaman

To top