Пет Турчинки, главно познати од турските телевизиски серии, влегоа во изборот на 100-те најубави жени во светот за 2018 година според американскиот портал „Топ бјути ворлд“.
Меѓу петте Турчинки на листата највисоко котира актерката Туба Бујукустун, која е на 17-та позиција, а нејзината колешка Мерјем Узерли е на 40-то место. Актерката Хазал Каја е на 80-та позиција, Фахрие Евџен на 84-та и Серенај Сарикаја на 88-та позиција.
Според овој избор за најубава жена на светот е избрана актерката Александра Дадарио, а по неа следат Миранда Кер и Џиџи Хадид.