Тинјџерка од Пекинг била со намера да ја продаде својата невиност за да го купи новиот iPhone 8. Кога пристигнала во хотелската соба таа била шокирана бидејќи затекнала четворица голи мажи, пренесува unilad.co.uk.
Ксјао Чен ја објавила својата понуда на онлајн форум во која напишала дека ќе ја продаде својата невиност за 2.500 евра. Кога девојката останала сама во собата со четворицата мажи, изненадно се појавила Нана, позната блогерка од Пекинг која побарала од мажите да ја остават на мира.
Целата ситуација ја организирала Нана за да ја научи девојката на поучна лекција.
Нана наишла на објавата на Интернет со која младата девојка ја нудела својата невиност. Потоа, таа се претворила дека е секретарка на богат бизнисмен, па ја повикала девојката на разговор. Целата средба била снимена тајно, а на видеото девојката кажува дека сакала да ја продаде невиноста за да може да си го купи новиот iPhone 8 бидејќи сите нејзини пријатели го имале тој телефон.