- Светската здравствена организација ги охрабрува сите да се вклучат во борбата за почист и поздрав воздух. Еве неколку едноставни совети за заштита од опасностите кои произлегуваат од загадениот воздух:
- Секојдневно проверувајте ги информациите кои се однесуваат на загаденоста на воздухот во вашиот град што се преземаат од мерните станици. Апликацијата „Мој воздух“ може да ви даде корисни информации.
- Избегнувајте да вежбате надвор кога нивото на загаденост е високо. Наместо тоа, вежбајте дома и не излегувајте без потреба. Внимавајте и на тоа колку време вашето дете си игра надвор, ако воздухот е загаден.
- Избегнувајте да вежбате близу сообраќајници. Дури и кога квалитетот на воздухот е означен со зелена боја, возилата на преполните коловози може да предизвикаат загадување во опсег од над 500 метри.
- Користете помалку електрична енергија во вашиот дом. Употребата на електричната и другите видови енергија го зголемуваат нивото на загаденост. Со намалување на користењето на електрична енергија ќе го подобрите квалитетот на воздухот и ќе го намалите нивото на стакленичките гасови, а со тоа ќе ја зголемите вашата енергетска независност и ќе заштедите пари.
- Користете ја енергијата од сончевите колектори. Нивното набавување неколкукратно ќе ви ги намали трошоците за струја. Бројот на сончеви денови кај нас е многу голем.
- Користете го јавниот превоз, возете велосипед или електричен тротинет.
- Немојте да палите шуми или отпадно ѓубре. Ваквата практика неколкукратно го зголемува нивото на загаденост и предизвикува огромни штети кои ќе се рефлектираат во иднина.
- За греење користете печки на пелети. Ваквите уреди се дури и субвенционирани од државата.
- Немојте да пушите дома и поддржете ја забраната за пушење на јавни места.
- Немојте да фрлате ѓубре каде ќе ви текне. Грижете се за животната средина и барајте од локалните власти да обезбедат повеќе контејнери за селекција на отпад.
извор:кафепзауа.мк