Сакате брз десерт, без да поминувате многу време во кујната?
Ви предлагаме одличен куглоф со суво грозје и ореви.
Состојки:
3 јајца
150 гр шеќер
250 гр брашно
150 гр суво грозје
100 гр сечкани ореви
50 мл. млеко
130 мл јогурт
100 мл масло
1 кеса за пециво
кора од лимон
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќер, па се додаваат сите останати состојки и се меша.
Куглофот премачкајте го со масло и посипете го со брашно. Истурете ја изматената смеса и печете на 180 степени околу 50 минути.
Погледнете ги чекор-по-чекор инструкциите за подготовка:
Извор: Курир.мк