Живот и Стил

Десерт за сите генерации: Принцес крофни за 30 минути

Десерт за сите генерации: Принцес крофни за 30 минути

Стари и млади, понови и постари генерации, сите сакаат принцес крофни, а ние ви нудиме брз рецепт.

СОСТОЈКИ:

  • 150 гр. брашно
  • 250 мл. вода
  • 50 гр. путер
  • 4 јајца
  • 1 прстофат сол
  • 400 гр. павлака за готвење
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица екстракт ванила

ПОДГОТОВКА:

  • Се става вода со сол и путер на оган да зоврие, се трга откако ќе зоврие и се става брашно со мешање.
  • Се враќа на рингла и се меша да се добие убава смеса.
  • Се лади малку и се додаваат јајцата со мешање.
  • Се прават крофни од смесата со шприц и се ставаат на тепсија со хартија.
  • Се печат на загреана рерна на 220 степени половина час.
  • За крем се мати павлаката со шеќер и ванила и се полнат крофните со крем.

извор: готви.мк

To top