За подготовка на овој вкусен рецепт, потребни ви се само пет состојки.
Состојки:
- 250 гр. путер
- 60 гр. шеќер во прав
- Лажичка екстакт од ванила
- 210 гр. брашно
- 100 гр. сецкани ореви
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 130 степени, а тавчето обложете го со хартија за печење.
- Со миксер изматете го шеќерот додека смесата се соедини.
- Потоа додајте ванила, па постепено додавајте брашно и матете. Во смесата додајте ги сецканите ореви, па измешајте. Рацете набрашнете ги со брашно, па вадете по една лажица од смесата и со рацете обликувајте колачиња.
- Набрашнете ги рацете пред обликување на секое колаче за да не ви се залепи смесата.
- Наредете ги колачињата во тавче и печете околу 40 минути.
- Кога ќе се изладат, наросете ги со шеќер во прав и послужете.
извор: кајгана