Кон крајот на денот веќе ќе биде значително облачно со умерен до засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус три до седум, а дневната од 20 до 25 степени.
Во сабота ќе има локален дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика пад на дневната температура за околу осум степени.
Во недела преку денот ќе биде стабилно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд, и снег на планините.
извор:курир