Фолк пејачот Шабан Шаулиќ трагично го загуби животот пред 4 години во Германија, а семејството денеска отиде на гробишта, на денот кога тој ќе наполнеше 72 години.
Вдовицата Гоца Шаулиќ, ќерките Илда и Санел, како и внукот на Шабан Лука беа меѓу првите кои дојдоа на гробиштата каде почива пејачот.
По нив пристигнаа пријателите на пејачката и братучедот Хасан Дудиќ.
Откако го положи цвеќето, Гоца запали свеќа, а потоа плачеше додека членовите на семејството ја тешеа.
Да потсетиме, Шабан на 17 февруари 2019 година загина во сообраќајна несреќа на автопатот кај Билефелд во Германија. На враќање од настап, автомобилот во кој се наоѓале пејачот, неговиот кум Слободан Стојадиновиќ и клавијатуристот Мирсад Кериќ, со голема брзина бил удрен од автомобил управуван од Турчинот Алсин Левент под дејство на алкохол. Шабан доживеа срцев удар и почина во болница, додека неговиот клавијатурист ден подоцна ја загуби битката за живот поради тешки повреди на главата.
Фото: Принтскрин/Марко Јовановиќ/Телеграф