Моника Белучи неодамна позираше за насловната страница на францускиот магазин „Madame Figaro“, како русокоса
Фотографиите за овој француски магазин се инспирирани од култниот филм „La dolce Vita“, а идејата била Моника Белучи да наликува на Анита Екберг која во филмот ја играше Силвија.
Фризерот Џон Нолет, кој ја договорил актерката за фотографирање, создаде специјална перика со сини локни само за Моника.
View this post on Instagram
Моника носеше фустан од шифон, тантела и црн плиш, а во очите имаше и сини леќи.
Коментарите под фотографиите кои актерката ги објави на својот Инстаграм се бројни, а ова се само дел од нив:
– Убава си како русокоса; Сè е добро со оваа жена; Изгледаш како друга жена; Не те препознав, но ти си волшебна како и секогаш.
View this post on Instagram
Сепак, ова не е прв пат Моника да се појави како русокоса. Актерката со руса коса веќе имавме можност да ја видиме во серијата „Десет проценти“, како и во филмот „Човекот што ја продаде својата кожа“.
А како Моника Белучи ви изгледа како русокоса?
фото:EPA/Instagram