Живот и Стил

Дефинитивно највалкан предмет! Сите го допираме ова во ресторан, а има околу 11.000 бактерии!

Дефинитивно највалкан предмет! Сите го допираме ова во ресторан, а има околу 11.000 бактерии!

Сигурни сме дека до денес не сте размислувале да користите бибер во ресторан… Но затоа сигурно сте слушнале дека менито е еден од највалканите ставки во ресторанот и дека на него може да има околу 185.000 бактерии . Интересно, второто највалкано нешто во ресторанот не е тоалетот, тоа е на вашата маса.

Пред да посегнете по него, размислете колку луѓе го допреле тој предмет пред вас. Дали изгледа чисто? Дали површината е леплива? За жал, не е невообичаено рестораните понекогаш да ја занемарат чистотата на садот за сол и бибер. Истото важи и за садовите за сол, шеќер, сирење, а садот за бибер се чини дека води во однос на бројот на бактерии пронајдени на него.

Според истражувањето спроведено од ABC News, просечниот сад за бибер содржи околу 11.600 бактерии.

– Повеќето од овие предмети се бришат само ако изгледаат валкано, па дури и тогаш само со крпа што вработените ја имаат при рака – објасни Јонас Стиклер, директор на организацијата ConsumerSafety.org и додаде: – И додека во одредени ресторани овие предмети се полнат и бришат, ретко се дезинфицираат и чистат правилно.

Друга страшна причина, продолжува Стикерс, е тоа што родителите, за да ги смират децата во ресторанот, често им дозволуваат да си играат со овие предмети за време на оброкот. Тоа би значело дека може да се покрие со се што има на раката на детето, а знаеме дека тие обожаваат да ги „туркаат“ насекаде.

Извор:Курир.мк

To top