Пејачката Јелена Карлеуша пред неколку дена објави писмо кое нејзината помлада ќерка Ника Тошиќ му го напишала на Дедо Мраз, а сега откри дека и се исполнила првата желба од списокот.
Имено, Карлеуша на својот Инстаграм профил објави фотографија на која Ника со насмевка на лицето во раката држи нов телефон кој и бил прв на листата на желби.
Дедо Мраз девојчето го даруваше заслужено, бидејќи таа мораше да исполни некои услови за да и стигнат подароците.
Да потсетиме, Јелена неодамна, како и изминатите години, на социјалните мрежи со своите следбеници сподели писмо од помалата ќерка Ника.
Како и другите деца, секоја година бара од Дедо Мраз да и ги исполнува желбите, а прв на листата бил новиот телефон кој сега стигнал до нејзините раце.
„Драг Дедо Мраз, јас бев добра оваа година, па мислам дека нешто заслужив“, започна Ника, а потоа почна да набројува што очекува да и се исполни во новата година.
Другата ќерка засега не се огласи, како ни нивната мајка кога се новогодишните желби и подароци од Дедо Мраз во прашање.
Покрај здравјето секако, Атина ќе има своја желба, а мама Карлеуша… Нејзиниот список на желби по се’ изгледа е подолг и од двата заедно на нејзините ќерки…? Ама ајде да почекаме, па да видиме?!
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar