Наследничката на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљќиќ, Нина, месецов полни осум години, а пејачката и актерот истакнуваат дека би сакале деа добијат уште едно дете.
-Децата се ангели и секогаш се добредојдени- вели Јелена за магазинот „Глорија“, а Иван се надоврза:
-Му се молиме на Бога за тоа.
Како што велат околу воспитувањето на ќерката секојдневно се преиспитуваат.
-Родителството во доба на интернет, дигитални медиуми и ријалити е предизвик, но ние имаме добра поткрепа и традиционално воспитување. И ние растеме со Нина, во секоја смисла, вели Ивана за споменатиот магазин.
-Симпатично ми е да гледам како таа се труди да го шармира татко и. Кога тој доаѓа, се’ застанува. Нивниот однос е прекрасен и уживам додека ги набљудувам. Таков однос имав и јас со татко ми. Тоа е необјаснива нишка меѓу татковците и ќерките- гордо истакнува Јелена Томашевиќ.