Претходната недела Дарко Лазиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа поради која беше шест дена во вештачка кома, а вчера докторитее го разбудија.
Докторите одлучиле да не му дават лекови за спиење и смирување, а шансите за оздравување се поголеми.
Српските медиуми пренесуваат дека Лазиќ комуницра со докторите, иако не може да зборува.
„За да постои можност за оздравување мора да биде мирен, а тоа се постигнува со лекови. Му се одзема свеста се додека организмот не оздрави. Потоа, полека почнуваат да се исклучуваат лековите. Се враќа свеста и можноста за движење“, објаснија докторите и истакнаа дека поради повредите на белите дробови пејачот останува на апарати за дишење.
Во текот на вчерашниот ден, татко на пејачот, Милан Лазиќ истакна дека Дарко е пробуден од вештачка кома.
„Сите се среќни, беше Андреана, мајката, таткото, свршеницата. Пресреќни сме. Одиме понатаму, веруваме во докторите, тие даваат се од себе. Тој е млад и здрав, така да се надеваме на најдобро“, изјави пријател на Дарко.