Пејачот Дарко Лазиќ откри непознати детали од заедничкиот живот со Ана Севиќ.
Лазиќ првпат проговори за неверството на Ана и со кого го изнверувала.
„Мојата поранешна сопруга одбра момче кое го познавам од порано. Како го познавам? Ние бевме во брак, а Ана истовремено беше и со Даниел. Ме изневеруваше се додека не дознав. Ништо во животот не е случајно, па така ни разводот. Се што е поврзана со Лорена, нашиот однос одлично функционира“ наводно изјавил Дарко, а пренесува „Свет“.
„Никогаш нема да дозволам Лорена да го нарекува Даниел “тато“, Даниел е Даниел, Марина е Марина. Таа си има своја мајка и татко“ вели пејачот.
За станот кој е на негово име, пејачот вели:
„Се што е имам е на името на Лорена. Станот во кој живее Ана е на мојата ќерка, па нема дилеми околу поделбата на имотот“ вели пејачот.
За потсетување, Дарко и Ана се разведуваат од претходната година, а Лазиќ наскоро ќе стане татко по вторпат.