Радио Милева Малку ли е?

Дарко Лазиќ ја шокираше водителката: „Долговите ми пораснаа, сега се преку милион, треба ли некој да ме убие поради тоа?!“

Дарко Лазиќ ја шокираше водителката: „Долговите ми пораснаа, сега се преку милион, треба ли некој да ме убие поради тоа?!“

Пејачот Дарко Лазиќ во едно свое ново интервју истакна дека сè уште должи и тоа многу.

Имено,  неговите долгови се зголемиле на милион и пол.

– Се уште не ги вратив долговите, тие се зголемија. Беше милион, сега е милион и пол. Но добро, штом почнам да работам, се’ ќе вратиме. Важно е дека главата ми е на рамена – рече Дарко и додаде:

– Ако некои други должат, зошто не можам јас? Милион и пол евра воопшто не е мала сума – рече Лазиќ, додека водителката праша „се шегуваш?“.

фото:принтскрин/тв прва

– Не се шегувам. Што треба да биде важно за некого дали должам или не? Дали треба некој да ме убие за тоа сега? Сè е за луѓето, јас сум најнормалната личност. И да бидам во долгови, знам дека ќе ги вратам – заклучи пејачот за шоуто „ДеТоксик“.

To top