Радио Милева да биде појасно

Дарко Лазиќ се огласи од болница со демант: „Не се знае што е полошо“

Дарко Лазиќ се огласи од болница со демант: „Не се знае што е полошо“

Во медиумите се прошири веста дека мајката на пејачот Дарко Лазиќ и неговата партнерка Катарина се во лоши односи.
Неговата мајка наводно рекла дека и е тешко што Катарина не се грижи за него и дека ќе му дојде на глава, по што проговори Лазиќ, кој моментално се опоравува во болница откако неодамна направи интервенција за отстранување на вишокот кожа.

-Мајка ми и жена ми не се караат, тие се во најдобри можни односи, што значи следново, не знаете што е полошо, кога се во добри односи или кога се во лоши односи – рече тој во видеото на својот Инстаграм, додавајќи:

-Верувајте ми, полошо е кога се во добри односи, бидејќи се здружиле двете- заклучил пејачот, демантирајќи ја изјавата која ја пренесоа медиумите.

Поради компликации со закрепнување и крварење од раната, Лазиќ моментално е во болница каде одлично се сложува со персоналот кој се грижи за него и од каде ги известува своите следбеници за неговата состојба.

фото:Инстаграм принтскрин

To top