Радио Милева заеднички моменти

Дарко Димитров ретко споделува приватни моменти, но сега се пофали како со семејството уживаат на снегот (фото)

Дарко Димитров ретко споделува приватни моменти, но сега се пофали како со семејството уживаат на снегот (фото)

Македонските јавни личности, но и мнгоубројни познати од регионалнта музичка сцена често доаѓаат на адреса кај македонскиот мајстор за уметничко дело, композиторот Дарко Димитров.

Тој често на социјалните мрежи знае да сподели објави од своето студио во кое  создава многу хитови за македонската и регионалната естрада.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/darko-dimitrov-progovori-za-sorabotkata-so-anastasija-raznatovikj-natasha-bekvalac-kaj-mene-nema-dzvezdi-jas-sum-dzvezda-video/

Меѓутоа, Димитров многу ретко односно речиси никогаш не споделува фотографии од својот приватен живот.

Сепак овој пат пушти срце и покажа како ужива во зимските лудории. Со оглед на тоа дека надвор владее зима и зимски температури, познатите го искористија периодот да уживаат во зимските авантури.

Некои од нив за дистаниција го одбраа Копаоник, други Маврово, а некои ја одбраа прекрасната Попова Шапка.

Димитров се одлучи за Попова Шапка, каде што во зимските игри уживаше заедно со своето семејство односно сопругата и ќерките.

фото: инстаграм/дарко димитров

Овој момент тој го овечковечи со неколку фотографии  и реши да ги сподели со своите пријатели на социјалните мрежи.

Облечени во зимска опрема,  Дарко и неговите сакани уживаа во заедничкото поминато време и во убавините на снегот.

Под објавата се нижеа коментари, а и пејачката Емина Јаховиќ која соработува со Димитров, под фотката остави срциња.

To top