Деновиве Дарио Панковски ја претстави својата нова песна насловена „Горе, горе“, спакувано во латино -поп ритам, со мал шмек на балкански фолк, е веројатно добар рецепт за вистински летен хит. Пејачот по обичај е самиот автор на музиката и стиховите , а напомош и овој пат го повика долгогодишниот соработник и колега Кристијан Габроски, кој го направи аранжманот, а во неговото студио песната и е снимена.
„Кога имаш лош ден, немој да си тажен! Па не е последен, утре нè чека нов сончев ден“, почнува тој и порачува: „Секој ден е дар, живеј го како цар, не се предавај, во себе верувај и напред гледај“, „Животот е брод на море, малку доле, малку горе, а јас сакам само горе! Напред-назад, горе-доле, нема назад, нема доле! Секој сака да е горе, сите раце горе, горе!“
Засега останува само промоцијата на песната во радискиот етер и медиумите, а наскоро можеби и на видеото за истата, зашто би било штета да остане невизуелизирана.
Уште при првото слушање, станува јасно дека „Горе, горе“ има потенцијал да биде уште една во низата песни што се паметат на Дарио, а во тоа можете се уверите и Вие, откако ќе ја преслушате во продолжение: