На македонскиот пејач со српска адреса, Даниел Кајмакоски, постојјано гледаме и читаме дека му цвета во љубовта откако ја најде како што вели вистинската- втората сопруга Марина.
Неговата понежна половина и сродна душа е она што отсекогаш го барал кај жена, барем така тврди самиот, па изненадување беше кога објави дека Марина има сомнежи кон него и тоа љубовни!
View this post on Instagram
Да се биде сопруга на познат пејач, веројатно не е лесно за една жена, па на убавата црнокоса природно и оправдано и се јавиле овие прашалници, дилеми, сомнежи кога нејзиниот Даниел е на работа.
Имено, Кајмакоски неодамна објави дека е дел од бендот на телевизијата на Жељко Јоксимовиќ К1, поточно на емисијата „Кец на 11“.
View this post on Instagram
А таму, еден од колегите, редовно го радува со босанска пита на која Даниел не може да одолее.
-Кога жена ти се сомнева дека сакаш некого на работа, а ти не се браниш. Се’ тоа поради босанската пита, пишува Даниел.
View this post on Instagram
Покрај оваа необично признание, Даниел се фотографираше со колегата кој вака го дарува со домашно месена пита на домаќинката која точно назначила дека парчето е за познатиот пејач.
Сепак, во случајот станува збор за љубов, ама на Марина веројатно и стана појасно дека е само гастрономска.
За потсетување, Даниел Кајмакоски и Марина кон крајот на месец јануари од Новата година прославија годишнина од бракот.
фото: instagram printscreen/ daniel_kajmakoski