Познатиот пејач Даниел Кајмакоски наскоро ќе стане по втор пат татко. Тој преку својот профил на Инстаграм ја сподели оваа радосна вест и доби еден куп позитивни коментари.
Имено, Кајмакоски сподели фотка од неговата избраничка, со кој се ожени пред неколку месеци.
На фотографијата таа е седната во фотелја, а со рацете го допира стомакот…
View this post on Instagram
„Кога љубовта се претвара во живот, среќата добива едно име. Чекајќи го нашиот малечок“ – стои како опис на фотката.
Инаку пејачот ќе стане татко по втор пат, според објавата повторно на машко. Тој веќе има го има синот Давид кој го доби од бракот со моделот и пејачка Кристина Димитрирвска.