Македонскиот победник на Икс-Фактор и поранешен евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски, пред неполн месец се оствари по вторпат во улогата на татко.
Тој и неговата тазе сопруга Марина добија машко бебе кое го носи името Стефан. Даниел сега е во облаци од среќа, гордост и неописливо чувство од убаво. Домот им е исполнет со бебешки мирис,плач, но и насмевки кои топат срце.
Даниел како искусен татко со синчето од првиот брак, веќе знае дека новороденчињата се будат цела нок и бараат млеко, па заспивањето одново и одново знае да биде исцрпувачко.
Додека едниот родител спие, другиот го нишка и обратно. Даниел на своите објави на Инстаграм покажа дека откако ќе го заспие Стефан нишајќи го на нозете, задоволен од заспаното бебе, се препушта на уживање, а за него тоа е гледање серии на Нетфликс.
Мама спие, бебето спие, а тато си го тера ќефот – сите задоволни!
Кога родителските обврски се поделени, тогаш хармонијата цвета.
За потсетување, малиот Стефан се роди на 30-ти април, ден од кога тато Даниел стана многу расположен за јавно на сите да им каже за неговата најголема среќа.
Инаку, Даниел и Марина се венчаа во месец јануари, а невестата беше во блажена состојба, но за тоа дека ќе станат родители обзнанија неодамна, односно непосредно пред породувањето.
фото:Инстаграм принтскрин/даниел кајмакоски