Македонската поп-рок пејачка Дани Димитровска има нов спот. Видеото е за песната „Да заборавам“, симната ако уште еден сингл од нејзиниот последен албум „Град за љубов“.
Музиката и текстот на песната се на Весна Малинова – Бабамов, аранжманот на Кирил Бабамов, на неа инструментите ги свират: Зоран Костадиновски (гитара), Кирил Бабамов (бас гитара), Благоја Антовски (тапани), додека придружните вокали ги пее самата авторка Весна Малинова-Бабамов.
Како звук инжињер е потпишан Дејан Момировски – ХХЛ Студио, додека едноставното но мошне ефектно видео го релизирале: Дејан Матиќ – Део кој ја потпишува режијата, а воедно ја изработил и монтажата, а тука е и несебичната и другарска поддршка од Чочо, како што наведува самата пејачка во постираната најава на социјалните мрежи за нејзиниот нов видеоспот.
Погледнете го видеото и уживајте во музиката и нејзината визуелизација:
https://www.youtube.com/watch?v=E1MlE7yqaBQ