Во минатото, „Converse All Star“ патиките првенствено се користеле за играње кошарка. Така, биле додадени двете долни дупчиња за да може патиката повеќе да се затегне околу ногата – така што нозете ќе бидат постабилни во нив, а можноста за повреда ќе биде помала.
Ако сакате да го пробате ова, извлечете ја врвката од првите две дупки, повлечете еден дел низ тие две дупчиња на страна и вратете ја назад. Затегнете и ќе забележите дека страната на патиката е прицврстена на вашата нога.
Погледнете го видеото како да го направите тоа:
Патиките „Converse All Star“ биле претставени на јавноста во 1917 година. Од тогаш до денес, нивниот дизајн не е многу променет. Можеби ова е една од тајните зошто луѓето едноставно ги обожаваат.
Има уште еден интересен детал од историјата. Кошаркарите на САД го носеле овој модел на патики на нивните први Олимписки игри во 1936 година во Берлин. Имено, пред таа година кошарката не била олимписки спорт, пренесува „24сата.хр“.
За таа прилика ги дизајнирал Чак Тејлор, тогаш популарен кошаркар, а украсени биле со американското знаме. На Олимписките игри го освоиле златото, а популарноста на патиките „Converse All Star“ почнала да расте.