Среќата е како одмор од соништата. Никогаш не знаете каде е и како да ја пронајдете, но кога ќе бидете таму, ќе знаете дека сте стигнале. Сепак, за разлика од одморите, нема брзи и лесни веб-сајтови што ќе ви кажат што ве прави среќни. Среќата не можете да ја извлечете од шапка. Среќата ја наоѓате од разни аспекти во вашиот живот како кариера, хобија и врски.
Без разлика дали сметате дека сте најчесто среќни или дека нешто ви недостасува, постојат неколку прашања што можете да си ги поставите. Кога ќе одговорите на нив, или ќе заклучите дека сте на правиот пат или ќе научите како да излезете на него. Па, поставете си ги овие прашања уште сега.
1. Која ми е првата мисла кога се будам секое утро?
Она што прво го правите наутро може да го одреди целиот ваш ден. Токму поради ова најуспешните луѓе имаат строги утрински рутини со медитирање, џогирање, молење или едноставно уживање во појадокот во тишина. Но, пред да ги облечете патиките за трчање или да направите здрав појадок, осигурете се дека не сте под стрес за обврските што следуваат. Ако првата мисла наутро ви е: „Ох, морам да го правам ова денес“, тогаш веројатно не сте среќни колку што мислите.
Ако се препознавте, направете свесен напор наутро првата мисла да ви биде позитивна. Размислувајте за некој сакан, за одличниот појадок што ќе го имате, за нешто интересно што ќе го постигнете тој ден… Можеби ќе ви помогне ако ги запишувате овие нешта кога ќе се разбудите.
2. Дали целите што ги исполнувам се порамнети со мојата смисла?
Целите се клучни за вашата ориентација кон светот и животното задоволство. Направете листа од 3 цели на кои работите моментално. Ако можете да кажете дека сите ви даваат чувство на исполнетост и ве прават возбудени за животот, тогаш искрено можете да кажете дека сте среќни.
Ако ви е проблем дури и да ја направите листата, тогаш време е да размислите што можете да смените. Експериментирајте со разни интереси и хобија додека не најдете нешто што ви одговара. Направете време за себе за да целите кон нешто што ќе ви помогне да созреете како личност. Сепак, напредокот е еднаков на среќата.
3. Дали приоритет ми е моето здравје?
Дали се храните здраво? Дали спиете доволно? Дали одвојувате време за луѓето што ги сакате? Ова се малите нешта со најголемо влијание на вашите среќа и здравје.
Вистина е дека не секој го има луксузот да спие 8 часа навечер или да готви 3 оброци по напорен ден. Покрај тоа, вашето ментално здравје има голема улога во способноста редовно да правите која било од овие работи. Нема потреба да ги извршувате овие обврски совршено, но додавањето еден час повеќе за спиење или пишувањето порака на пријателот можат да направат голема разлика.
Имајте на ум дека малите промени имаат огромен ефект. Вклучете една до две промени во вашиот ден додека не се разбудите и не сфатите дека нема потреба повеќе да ја барате среќата.
извор:кафепзауа.мк