Освен ако не сте Марк Волберг и сакате да вежбате во 3 часот наутро, веројатно е дека сакате подолг сон. Исто така, постојат и луѓе кои не можат да се одморат за време на ручек или пак во текот на денот, каде што ноќниот тренинг претставува нивна единствена тактика. Се поставува прашањето дали ноќните сесии влијаат лошо врз вашиот сон? Најновото истражување ќе ви помогне како да го решите овој проблем.
За време на истражувањето спроведено во Швајцарија, волонтерите кои учествувале во експериментот немале никакви проблеми со спиењето и почесто вежбале. Иако практикувале поинаков тренинг режим, понекогаш успевале да заспијат, само неколку минути после напорниот тренинг.