Живот и Стил

Дали навистина треба да се туширате секој ден?

Дали навистина треба да се туширате секој ден?

На социјалните мрежи за време на пандемијата на коронавирус често имаше шеги, но и сериозни дискусии за тоа колку често треба навистина да се туширате. Со карантините и изолациите некои луѓе ги променија хигиенските навики и го прескокнуваа секојдневното туширање кое им изгледаше непотребно.

Иако прашањето за одржување на хигиената е приватна работа за секој поединец, многумина се уште ги интересира што мислат лекарите за тоа.

-Не треба да го миете целото тело секој ден. Особено кога не излегувате од дома, не се потите и не доаѓате во контакт со нечистотија што вообичаено би сакале да ја отстраните, вели дерматологот Ракел Назаријан.

Сепак, навиките за туширање се индивидуални и не постои едно правило кое одговара на сите.

-Ако имате здрава кожа, во ред е да се туширате еднаш на секои три дена, но ако вашата кожа е сува или сте имале егзема, подобро е да се туширате секој ден за да ја надополните влагата и да ги убиете присутните микроби, вели д-р. Назаријан, напоменувајќи дека веднаш потоа кожата треба да се хидрира, за да се задржи влажноста.

Додава дека „ако вашата кожа не е сува, можете да се туширате секој втор ден“.

Според микробиологот Џејсон Тетро, ​​прескокнувањето на туширањето нема да му наштети на вашето здравје, без разлика колку долго не сте биле во контакт со вода.

-Телото може и без туширање, вели Тетро, ​​но додава дека во тој случај е добро да се мие интимната зона барем на неколку дена, за да се избегне контаминација со фекални бактерии кои доведуваат до инфекции на уринарниот систем.

Тој додава дека „ако престанете да се туширате, телото брзо ќе почнете да мириса поради бактериите кои живеат на вашата кожа“, и објаснува дека благодарение на комбинацијата на микроби и функцијата на имунолошкиот систем, нашата кожа „се грижи за себе“ и останува чиста.

-Здравите бактерии кои живеат на нашето тело ги извршуваат најважните процеси и ја одржуваат чистотата на кожата, на која не и треба ништо друго, а од вас зависи дали сакате да се измиете со сапун или да ги тестирате импресивните вештини за самочистење на тело, заклучи микробиологот.

Извор:Курир.мк

To top