Шеќерот денес се смета за една од најозлогласените намирници и најголем непријател на нашата витка фигура, како и здравјето во целина.
Повеќето нутриционисти советуваат дека, доколку веќе мораме да го засладиме своето кафе, подобро да користиме мед или јаворов сируп. Како што велат тие, на тој начин ќе внесеме помалку калории во организмот.
Освен тоа, овие две намирници наводно подобро се разложуваат во нашето тело и со самото тоа го намалуваат зголеменото лачење на инсулин, што е многу важно за здравјето. Зголеменото производство на овој хормон доведува до појава на инсулинска резистенција, дебелеење, ризик од појава на дијабетес и слично.
Но, прашањето е следно – дали на своето тело му правиме услуга кога шеќерот го заменуваме со мед?
Американските експерти велат дека оваа теорија е потполно неоснована. Иако здравата логика вели дека наместо шеќер е попаметно да бираме мед и јаворов сируп кога сакаме да се засладиме, науката сепак вели друго.
“Единствено што постигнуваме на овој начин е тоа што внесуваме помала доза на антиоксиданси во организмот. Но, што се однесува до “разградувањето”, нашиот организам речиси на ист начин ги метаболизира јаворовиот сируп, медот и другите шеќери”, истакнува американската нутриционистка Ребека Клајд.
извор:точка.ком.мк