Живот и Стил

Дали Мексико е сигурна земја за летување?

Дали Мексико е сигурна земја за летување?

Американската влада ги издала последните предупредувања за туристите во Сад во ноември, 2018-та година, во кои Мексико го смета за ризична дестинација.

Имено, во предупредувањата на американската Влада, постојат четири нивоа на ризик – првото е нормална превенција, второто е зголемено внимание, третото ниво препорачува да размислите за неопходноста на патувањето воопшто, а четвртото ниво препорачува воопшто да не патувате.

Поради зголемениот број на криминал, но и поради убиствата во туристичките летувалишта како Акапулко и Канкун, Мексико се става на второто ниво, односно се смета за ризична земја за патување.

Засега сè уште нема никакви рестрикции, кога станува збор за патувањата во Мексико, но се препорачува голема внимателност.

извор: точка.мк