Живот и Стил

Дали е подобро да консумирате вода пред или по јадењето?

Дали е подобро да консумирате вода пред или по јадењето?

Сите добро знаеме дека водата е од суштинско значење за доброто здравје, но многумина се прашуваат кога е најдобро таа да се консумира – наутро на празен желудник, во текот на јадењето или пред спиењето?

Експертите имаат одговор на тоа прашање. Многу диететичари сметаат дека една чаша вода пред јадењето или во текот на оброкот може да ви помогне да го намалите апетитот и да ги изгубите вишокот килограми. Водата создава чувство на ситост, а со тоа ќе го одбегнете прејадувањето.

Поединечни нутриционисти сметаат дека водата не е добра за консумација за време на оброците, туку откако ќе завршите со јадењето. Причината за тоа е што водата ја разредува желудочната киселина, односно ја пореметува pH вредноста која е потребна за разградување и апсорпција на храна. Со самото тоа се забавува варењето со што можат да се јават многу дигестивни проблеми и надуеност.

“Консумирањето на вода веднаш по јадењето има тенденција да ги разгради желудочните сокови, а со тоа се разредуваат и ензимите кои се важни за дигестијата. Тоа знае да резултира со помало излачување на дигестивните ензими што може да доведе до создавање на жиговина и киселини во стомакот”, објаснува д-р Ања Суд.

Кога всушност би требало да консумирате вода и зошто?

• 2 чаши вода наутро штом станете со цел да ја активирате работата на внатрешните органи

• 2 чаши вода триесет минути пред јадењето за подобро варење

• 1 чаша вода пред самото туширање – со цел да го избегнете покачувањето на крвниот притисок

• 1 чаша вода пред спиење – помага во спречување на мозочен и срцев удар

Што се случува со вашето тело кога пиете само вода, наместо сокови?

• Полесно и побрзо ќе ги изгубите вишокот килограми

• Ќе добиете повеќе енергија, а метаболизмот ќе се забрза

• Подобра концентрација

• Ќе ги исфрлите штетните токсини од телото

• Ќе имате хидрирана, сјајна и мазна кожа

извор:точка.мк

To top