Се ближи вашата венчавка, а вие сте во постојана трка како да постигнете да ги средите сите обврски? Почнувајќи од фустанот, па се до бурмите, обврските за младенците се огромни. Освен тоа, постојат и многу адети и симболики кои ги носи како денот на венчавката, така и бурмите што ги обврзуваат младите на вечна љубов.
Дали одлучивте на која рака ќе ја носите бурмата, симболот на вечната љубов и верноста. Некои тврдат дека бурмата се носи на десната рака, а пак другите велат правилно е на левата рака. Порано само жените носеле прстени, добивале веренички прстен, со што церемонијата на прстенувањето тука завршувала, а симболиката на прстенот му била – довербата на мажот кон жената која го добила како подарок.
Во некои Европски земји бурмите и вереничкиот прстен се во еден комплет, со тоа што по венчавката на прстените се гравира името на партнерот и датумот на венчавката. Сега пак сигурно се прашувате каков е тој еден комплет? Модерните веренички прстени се состојат од два или три прстена– споени, од кој подоцна се раздвојуваат и се добиваат бурми и прстен. На вас останува дали ќе ја следите традицијата и симболиката.
извор:скопје24.мк