Голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски своето слободно време го користи за да ужива со сопругата Нина и синот Душан.
Така, деновиве Борко далеку од професионалните ангажмани и обврски заедно со Нина уживаат на егзотична дестинација поточно на Палма де Мајорка, па несебично со нивните следебеници на социјалните мрежи споделија неколку фотографии.
Меѓутоа, Нина и Борко освен што уживаат на оваа егзотична дестинација имаа уште еден повод за славење и радување, а тоа е првиот роденден на нивниот син Душан.
Имено, пред една година Борко и Нина станаа родители на нивниот син, а во таа прилика тие овие радосни вести ги споделија на социјалните мрежи.
„Јас сум најсреќната жена на светот. Ти благодарам што ме избра да бидам твоја мајка, мало мое лавче. не постојат зборови со кои можам да ги искажам моите чувства. Те сака тато… Борко Ристовски…“ -напиша на својот Инстаграм профил среќната мајка“ напиша Нина во таа прилика.
Од друга страна, Борко истакна дека тој го одбрал името на синот, а дека неговата сопруга се согласила.
Тие деновиве уживаа ем во егзотичната дестинација, ем во роденденот на синот.
По тој повод Борко во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели неколку фотографии.
Додека пак Нина на својот „Фејсбук“ напиша:
„Мојата љубов денес полни една година, јас за поголем празник не знам, Мама те сака најмногу лавче мое мало. Биди среќен засекогаш“ напиша Нина.
За потсетување, Борко и Нина се венчаа претходната година, а прославата и свадбата беше на почетокот на оваа година.
Дали Душан ќе тргне по стапките на тато или во некоја друга професија, останува да видиме, а дотогаш нека е жив и здрав и голем да расте.