Доколку постојано се чуствувате уморни, без воља и немате енергија и за најмала работа да извршите, тогаш е време да вметнете одредени намирници во вашата исхрана.
Овие намирници ќе му дадат сила на вашето тело и организам, ќе се чуствувате поубаво, поенергични, ќе бидете и порасположени за се.
Банана – Богата е со калиум кој го победува заморот и ја подобрува концентрацијата. Освен тоа е и одличен извор на витамини Б6 кој е важен за правилна работа на имунитетот и мозокот, како и прехранбените влакна кои го чуваат варењето.
Цвекло – Богат со со многу железо, фолна киселина и б витамин. Се препорачува да се комбинира со цитрусно овошје како лимон и портокал за да се подобри меѓусебната апсорпција на хранливи материи.
Спанаќ – За секој од нас спанаќот дава неверојатна енергија. Овој зеленчук задоволува 200 пати повеќе од дневната потреба за витамин К, кој го чува здравјето на коските. Богат е и со железо, па се препорачува за оние кои имаат недостаток од железо или се анемични.