По последниот музички сингл „Од небо до дно“ со кој во 2022 година и се врати на поп музиката, Каролина Гочева продолжува да чекори по истиот проверен пат промовирајќи ја моќната поп балада „Дај на сунце“.
Емотивна и моќна нумера со која Гочева претендира да го плени регионот откако многупати ја прозваа дека станала пејачка на народно, а исто и дека не нуди ништо за пошироката регионална публика.
За да го побие ова, Каролина ја промовира „Дај на сунце“ отпеана на српски јазик, промовирана на национално српско радио, „Накси“, а исто така и создадена од регионални автори.
Позади песната стои Дино Мухаремовиќ, автор на неколку легендарни песни, како ,,Додирни ме случајно” од Масимо Савиќ, додека аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор.
Песната е снимена во Сараево, во неговото студиото Модра Ријека во месец октомври, а видео спотот е дело на Миомир Милиќ.
Крајниото комплетно спакувано дело во продолжение: