Изминатите денови на Скопје по шеснаесетти пат му се случуваше Модниот викенд каде продефилираа моделите од новите колекции од домашната модна сцена.
За се за изгледа совршено, професионално и на ниво, кога станува збор за шминката – зад сцената беше задолжен нашиот познат стилист со долгогодишна кариера, Александар Билјановски – Дадар.
Тој беше на задача да ја реализира шминката кај манекенките, а за таквото искуство ја ослободи својата уметничка замисла за нешто поартистична шминка за на сцената.
Па така, на дел од равиите, манекенките се појавија со ултра впечатлива и уникатна шминка, а по секое завршено дело, Дадар ги фотографираше и финалните резултати ги објави на социјалните мрежи.
Секој уметник е особено среќен кога има прилика да избега од комерцијалното, а овој пат Дадар имаше вистинска можност за тоа , а ја изработи на ниво кое му доликува на еден уметник како него.