Радио Милева доволно е само с*кс

„Да перам чорапи?“- Зорица Марковиќ откри зошто не сака да се мажи (фото)

„Да перам чорапи?“-  Зорица Марковиќ откри зошто не сака да се мажи (фото)

Синоќа кај Зорица Марковиќ се случи вистинска забава. Пејачката отвори кафеана, а на отворањето имаше голема веселба. Така е со Зока.

Што се однесува до гостите, дошле Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ-Кемиш, Маја Николиќ, Нела Бијаниќ и Нада Топчагиќ. Изгледа пејачките одамна не се виделе, а при оваа средба дошло и до прегратка. Сите биле расположени, а како што знаат само гореспоменатите фолкерки веднаш почнале да прават шоу пред камерата.

 – Кафеаната е живот, овде се се случува и кафеаната е чудо што се однесува до пријателството, тука се разделбите, тука се раѓаат нови љубови, се е тука. Ме прашуваат зошто не правам солистички концерт. Што ќе правам по 12 години во угостителството, пеам секоја вечер. Цела вечер ќе ја посветам и на новогодишната реприза. Ќе биде Стоја, Ана, Венди, Гоца, еден микс, ќе поканиме познати пејачи, имаме доволно места – додала таа.

Не можеме, а да не прашаме како е можно толку силна жена да нема придружба на силен маж. Дали можеби размислува за брак?

– Во нормална врска сум, кога се гледаме, се гледаме, кога не се гледаме, не се гледаме. Имаме сѐ, имам с*кс, имам внимание, имам сѐ. Не разбирам што да правам сега. Да  перам чорапи? Е, нема. Повеќе да работам? Кога  да го постигнам сето тоа? Не можам – открила пејачката.

Фото: Принтскрин/Instagram/zoricamarkovic_official

 

To top