Живот и Стил

Да не се претерува: Колку јајца смеете да изедете за Велигден?

Да не се претерува: Колку јајца смеете да изедете за Велигден?

За Велигден не претерувајте со јадење јајца. Според експертите за исхрана, смеете да изедете едно до две јајаца на ден. Ако јадете само белка, може пет или шест, но само две жолчки.

Според нив, боите за јајца, ако поминале низ контрола, не би требало да бидат опасни по здравјето на луѓето. Но, јајцата треба да ги гледате како да се без лушпа, оти кога тие се варат, им се уништува заштитниот слој, а имаат ситни пори преку кои минува апсолутно се.

Што се однесува, пак, до природните бои за бојадисување јајца, како кромид, цвекло, тогаш нема никаква опасност.

Јајцата можат да се јадат седум дена, но само ако се чуваат во фрижидер. Ако стојат на собна температура, не можат да се јадат цела недела, објаснуваат стручните лица.

извор: Курир.мк

To top