Живот и Стил

Црната чанта е секогаш во тренд

Црната чанта е секогаш во тренд

Секогаш и наједноставниот outfit може да се подигне едно ниво погоре со добри аксесоари, од кои ташните се омилени кај сите девојки.

Без оглед на тоа колку ташни со различни големини, бои и форми имате, главно место во вашиот гардеробер има класичната црна ташна, која може да се носи во секое време и со секоја облека.

Црната ташна има подеднакво висок статус како моден класик, исто како и малиот црн фустан, а може да се носи секогаш, без оглед на моменталните трендови.

Црната ташна со малку поголема димензија, главно се носи на дневна основа, кога носите малку повеќе работи со вас, додека пак малите црни ташнички се погодни за прилики кога облекувате нешто поелегано, а мала ташна е само додаток на вашата облека.

Црната Ташна прави да изгледате полуксузно, елегантно и женствено, а заедно со црните салонки, ќе претставуваат одлична комбинација за сите важни прилики.

To top