Живот и Стил

„CNN“ ја смести баклавата на листата на 50 најдобри десерти во светот

„CNN“ ја смести баклавата на листата на 50 најдобри десерти во светот

Американската телевизиска куќа „CNN“ создаде листа од 50 десерти за кои смета дека се најдобри на светот, а на листата се најде и еден од омилените десерти на Балканот – баклавата.

Тие ја опишале баклавата како десерт со повеќе слоеви и напоменале дека станува збор за прелиен колач. Исто така, потсетиле дека баклавата е наследство на Отоманското царство.

Левант, Балканот, Кавказ и Северна Африка се местата каде што овој десерт е исклучително популарен и од „CNN“ нагласуваат дека станува збор за делови од светот во кои владееле Османлиите.

Турција е наведена како „духовен дом“ на баклавата. Телевизиската куќа истакнува дека во оваа земја се служи исклучително вкусна баклава исечена во облик на дијамант и истата се прави од ореви и се прелива со меден сируп.

Нагласиле и дека баклавата е само еден од познатите десерти кои се сметаат за оставина од Отоманското царство, но со причина е најпознат. Како причина за тоа „CNN“ ги издвојува едноставните состојки и заклучува дека баклавата е токму еден од највкусните десерти во светот.

извор:точка.ком.мк

To top